Петар Печков
Објавено: сабота, 02 јуни 2018
Во решавачкиот натпревар за пласман во Првата лига, екипата на ФК Борец загуби во Струмица од ФК Победа со 1:2 (0:2). Со овој резултат прилепчани остануваат во елитното друштво.
Првото полувреме прилепчани го добија со 2:0 со головите на Ивановиќ во 8 мин и на Велковски во 29-та. Во вторите 45 минути велешани преку Кудијан 56-та намалија на 1:2. Пред самиот крај на мечот поради физичка пресметка судијата Дејан Јакимовски ги исклучи Велковски (Победа) и Кудијан (Борец).
Останува шпекулацијата дека поради финансиски проблеми екипата на Академија Пандев да се откаже, или Борец да го превземе овој клуб., па така да настапува од есен во Првата лига.
Tweet |