Петар Печков
Објавено: среда, 27 ноември 2019
судија: Коцевски Струмица
Стадион Национална арена Тодор Проески Скопје
стрелци: Тошевски 37` и Велковски 60` за Работнички, Прелчец од пенал во 62` за Борец
ФК Работнички: Шишковски, Велковски, Илиќ (ж), Херера, Тошевски, Марковиќ, Силјановски, Стојков, Гомез Јаго, Ефтовски (ж), Фазлиу играа и- Петковски, Ацковски, Кордоба
ФК Борец 1919: Мустафа, Пеев (ж), Стојковски, Коцев, Прелчец, Николовски, Абаз, Ефтимов, Гавриќ, Христов, Ристовски игра и -Ѓорѓиев, Трајков (ж), Лазаревиќ
Пораз за велешкиот фудбалски прволигаш во Скопје од директниот конкурент во борбата за опстанок ФК Работнички со 2:1. Беше тоа натпревар на фенерџијата ФК Работнички и две места погоре пласирасниот, ФК Борец 1919.
Првото полувреме помина во доминација на домаќинот кој поведе со голот на Тошевски во 37-та. Во второто велешани се отворија и во 53-ата минута Прелчец ја погоди стативата. Во 60-тата ФК Работнички поведува со 2:0 со голот на Велковски, откако по изведениот корнер, гостинската одбрана заспа и не реагираше. Веднаш во следниот напад, со гол од пенал Прелчец, ФК Борец намали на 2:1. До крајот на средбата, домаќините имаа можност за поголемо водство но голманот Мустафа имаше успешни одбрани.
Така по 16 кола ФК Борец е претпоследен со 16 бодови, колку што има и екипата на ФК Ренова, која гостува в недела на Градски во Велес а за домаќините победата е императив. Последен е ФК Работнички со 14 бода.
Tweet |