Петар Печков
Објавено: вторник, 30 мај 2017
Последниот натпревар од Општинската фудбалска лига, помеѓу Бабуна и Илинден БС го реши првакот во оваа конкуренција. Мартолчани со победа над довчерашниот лидер, од 1:0 стигнаа до титулата . Но и двете екипи, без бараж директно, одат во повисок ранг Трета лига - Југ.
Се играше и дербито на дното, каде се сретнаа двете последно пласирани екипи. Со победа како гостина ФК Интернационал од Долно Караслари и уверливите 7:1 над конкурентот Горски, го престигна и му го отстапи фенерот во Општинската фудбалска лига.
В недела во Кочани, бараж за пополнување на Втората лига Исток ќе игра екипата на ФК Превалец и тоа со ФК Саса од Македонска Каменица. Двете екипи завршиле како четврто пласирани во нивните конкуренции на Третите лиги Исток и Југ. Се игра само еден натпревар и победникот ќе биде член на новото друштво,каде ќе игра и велешки Борец 1919.
Резултати 22 коло
ФК ГОРСКИ - ФК Интернационал 1:7
ФК ТОПОЛКА - ФК МАРТОЛЦИ 2:4
ФК ФОРЦА НОВА - ФК БИРЛИК 3:0 сл.
ФК БАБУНА - ФК ИЛИНДЕН БС 1:0
ФК МЛАДОСТ - ФК МАК.СОНЦЕ 1:1
Т А Б Е Л А
1. ФК БАБУНА 20 17 0 3 76: 17 51
2. ФК ИЛИНДЕН БС 20 16 1 3 54 :16 49
3. ФК МАРТОЛЦИ 20 14 3 3 63 :30 45
4. ФК МАК. СОНЦЕ 20 11 2 7 59: 45 35
5. ФК ФОРЦА НОВА 20 11 2 7 49: 36 35
6. ФК БАШКИМИ 20 10 2 8 41: 36 32
7. ФК ТОПОЛКА 20 7 2 11 52: 60 23
8. ФК МЛАДОСТ 20 5 6 9 25: 38 21
9. ФК БИРЛИК 20 4 1 15 36: 65 13
10. ФК Интернационал 20 3 0 17 29: 85 9
11. ФК ГОРСКИ 20 2 1 17 22: 78 7
Tweet |