Петар Печков
Објавено: недела, 05 април 2026
Победа во локалното дерби за ФК Башкими во Превалец против ФК Тополка од 1:2, иако домаќините водеа со 1:0. Тоа е петта победа во петти натпревар, сите под водство на новиот тренер Драган Стефановски. Од Кочо Анѓушев екипата доби подарок нов комплет дресови. Лидерот ФК Борец со висока победа од 8:0 славеше над 4-то пласираниот ФК Ултрас од Прилеп, а требаше тоа да биде дерби на колото, гостите се четвртопласирани. ФК Превалец победи во Росоман кој е седмопласиран, со 0:2 (0:1).
ФК Борец по 19 коло води со 49 бода, пред ФК Превалец со 43, ФК Башкими е 7-ми со 27 бода а ФК Тополка 10-та од 12 екипи со 14 бода. Во следното коло локално дерби ФК Башкими – ФК Борец, ФК Превалец го пречекува ФК Влазними јуниор а ФК Тополка е слободна.
Во дербито на дното, во Радовиш, ЖФК Плачковица и ЖФК Борец одиграа нерешено 1:1. Домаќинките извлекле бод, израмниле во 88 минута. И двете екипи имаа по три бода, сега се на четири, со тоа што велешанки имаат послаба гол разлика -46, наспроти радовишанки со -29. Во следното коло ЖФК Борец игра дома со ЖФК Порече од Македонски Брод, која е 3-та со 16 бода.
Се одигра 10-тото коло на Општинската фудбалска лига
ФК Форца нова – ФК Локомотива 2:0
ФК Врановци –ФК Горски 3:0
ФК Согле – ФК Младост 2:4
Слободна беше екипата на ФК Раштани
ТАБЕЛА
1.ФК ВРАНОВЦИ 10 7 1 2 24:9 22
2. ФК. МЛАДОСТ 9 7 0 2 29:17 21
3. ФК ФОРЦА НОВА 9 6 1 2 24:12 19
4. ФК ЛОКОМОТИВА 10 5 0 5 14:21 15
5. ФК СОГЛЕ 10 3 1 6 12:22 10
6. ФК ГОРСКИ 9 2 0 7 14:23 6
7. ФК РАШТАНИ 9 1 1 7 7:20 4
Следното коло е дебито за врвот
ФК Младост – ФК Врановци
ФК Горски – ФК Форца нова
ФК Локомотива – ФК Раштани
Слободна е екипата на ФК Согле
| Tweet |




