речник контакт

ФК Башкими службено го доби загубениот натпревар со ФК Слога во прилепско Лажани

Со овие три бода составот од Горно Јаболчиште е втор на табелата од Третата лига Југ

Петар Печков

За фудбалерите на ФК Башкими од Горно Јаболчиште заврши есенската полуетапа од Третата лига Југ.

Денес преку нивната фб страница информираа дека комесарот за натпревари на лигата им ја прифатила жалбата за натпеварот со Слога од прилепско Лажани од 11 коло.

Тие овој натпревар го загубија со 3:1, но веднаш по завршувањето  вложија жалба, дека клубот играл со наневремено уплатен долг за  казни поради картони. Комесарот констарирала дека ФК Башкими е во право и го доделила натпреварот со службени 3:0.

Со овие три бода екипата од Горно Јаболчиште е на второто место со 22 бода, три помалку од лидерот ФК Големо Коњари а два повеќе од ФК Ултрас и ФК Росоман.

Во последното еснско коло требаше да играат со екипата на ФК Обршани, која се откажа од лигата а бидејќи не одигра 2/3 од натпрварите сите нејзини резутлати се бришат.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »