речник контакт

ФК Борец 1919 од есен во Втора лига (видео)

Во градското дерби Борец - Превалец 2:0, ФК Гемиџии со бод од жешкиот терен во Горно Коњари

Петар Печков

Во 24-тото коло од Третата лига Југ, во градското дерби, на 2-ро и 4-то пласираните екипи на Борец 1919 и Превалец, победа и три бода за постариот лигаш.  Со 2:0 славеше Борец со што го осигури второто место има недостижни  бодови предност и од есен ќе игра во Втората лига Исток.  Дербито беше решено во вторите 45 минути со голот на Трајков и во судиското продолжение од  пенал кој го реализираше Милан Чичевски. Превалец со овој пораз  ги загуби шансите за третото место , ќе биде четврти и до година да игра во повисок ранг.  Со тоа е исполнета првата етапа од ветувањето на новиот спонзор Кочо Анѓушев, за влез во Втора лига.  

Најмладиот велешки лигаш Гемиџии,  храбро одигра на жешкиот терен во прилепско Горно Коњари, на истоимената екипа кој се наоѓа во долниот дел до табелата -11-то. Велеани одиграа реми,  1:1 и   со 28 бода е 8-ми. 

Во следното претпоследно коло во ова друштво, Борец  1919 со ново дерби, гостува  во Валандово, на Победа соседот на табелата која е трето пласирана, Превалец игра дома со Напредок од Крушеане кој е сосед петти со   40 бода.  ФК Гемиџии игра дома со Питу Гули од Крушево кој е 10-ти со 24 бода. 

За промоција во новото друштво Борец 1919 среда попладне во 16,30 ч. игра натпревар со скопски Вардар, кој од неделата е нов фудбалски првак на Македонија, иако првенството има уште четири гола.  Неофицијалните информации се дека скопјани ќе испробуваат четворица Бразилци кои се на проба, а во пресрет на квалификациите за Лигата на шампионите која го очекува Вардар веќе на крајот од јуни.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »