речник контакт

ФК Борец 1919 оди во бараж, прва пречка Гостивар (видео)

Борец победи во Каменица со Саса, Беласица и Брегалница во Струмица играа нерешено

Петар Печков

Во последното  27-мо  коло на Втората лига Исток, постигнати се резултатите кои му требаа на велешки ФК Борец 1919 за да игра  бараж за пополнување на Првата лига. 

Во Македонска Каменица со 1:3 (0:1)  Борец  ја победи ФК Саса. Резултатот во Струмица каде се играше дербито помеѓу Беласица и Брегалница Штип 1:1, беше тој, што велешани ги искачи на второто место.

Двете екипи се израмнија  со ист број бодови 53 а решавачкио беше што велешани во Штип победија со 2:1,  со повеќе голови  отколку што  штипјани во Велес славеа со 1:0 и плус еден нерешен резултат 1:1.

Така ФК Борец 1919 ќе игра бараж за пополнување на Првата лига. Во термин и место кое ФФМ дополнително ќе го одреди ќе игра со Гостивар, кој е втор во Втората лига Запад а победникот од тој натпревар ќе игра со претпоследната екипа од Првата лига.  

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »