Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 март 2020
Градски стадион ,,Младост,, Струмица
судија: Стојчевски Скопје
ФК Академија Пандев: Чубраковиќ, Цикарски, Димов (ж), Дориев, Гранчов, Јованов, Миловановиќ, Пандев, Стоилов, Стојкоски, Темелков играа и Мујеци, Велиновски, Најденов
ФК Борец 1919: Мустафа, Десниќ, Гавриќ (ж), Коцев, Прелчец, Радовиќ (ж), Ристевски (ж), Силва, Стоименовски (ж), Стојковски (ж), Трајановски играа и -Лазаревиќ, Николовски, Анастасов
Домаќинот не успеа во 90-те минути да ја пробие цврстата одбрана на велешани, и натпреварот од 21-то коло заврши без голови и без победник. Ако немаше голови, за гостите имаше дури пет жолти картони.
По ова коло ФК Борец останува последен со 21 бод, еден помалку од 9-тиот Работнички. Откако претходното коло во Велес гостуваше лидерот ФК Вардар, во следното коло, на домашен терен, гостува второпласираната екипата на табелата тетовска ФК Шкендија.
По нерешениот резултат дома и по двата претходни порази пролетва, тренерот на домаќинот ФК Академија Пандев Југослав Тренчов си поднесе оставка од морални причини.
Tweet |