речник контакт

ФК Борец АД го купија Владимир и Марио Брчкови

Со трансакција на Берзата 2,5 илјади акции на клубот биле платени два милиони денари

Петар Печков

Со продажба на 2,5 илјади акции на Македонска Берза, ФК  Борец 1919 АД Велес, денес го смени сопственикот. Наместо досегашниот финансиер АД  Брако и Кочо Анѓушев, нови сопственици се Владимир и Марио Брчкови од Велес.

На берзата пишува деак за оваа трансакција биле платени 2.012.500 денари или една акција била продадена за 805 денари. Информацијата за купопродажбата ја потврди Владимир Брчков, кошаркар, кој кажа дека го преземаат клубот со неговиот братучед Марио, кој е стопанственик.

„Решивме да помогнеме на клубот. Велешани го сакат спортот и фудбалот и заслужуваат да следат најквалитетн спрот во земајва. Планот годинава ни е да го задржиме пласманот во средината на табелата, ФК Борец да биде стабилен прволигаш“ –изајви за ТрМр Владимир Брчков. 

Веќе в недела продолжува првенството од Првата лига, а ФК Борец дома игра со екипата на ФК Шкупи, која е осетно засилена во борбата за шампионската титула. 

Нов тренер на екипата е Борче Христов, помошник е Марјан Герасимовски,   тренер на голманите е Зоран Ристевски а кондционен Благој Левков 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »