Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 ноември 2019
судија Ставрев Скопје
Градски стадион Зоран Паунов, Велес
ФК Борец: Мустафа, Пеев, Стојковски, Ѓорѓиев (ж), Коцев, Прелчец, Ефтимов, Гавриќ, Лазаревиќ (ж), Христов, Ристовски играа и Трајков (ж), Абаз и Николовски
ФК Силекс: Божиновски, Благојевиќ, Драшковиќ (ж), Ивановски (ж), Дурански, Жеравица, Серафимовски, Гроздановски, Додев, Тимовски (ж), Карчевски (ж) играа и Костовски, Ѓуриќ, Јусуф
Ниту на вториот врзан натпревар дома, велешките фудбалери не победија, овој пат одиграа без голови со четврто пласираниот ФК Силекс од Кратово.
Во натпревар од 15-ото коло ФК Борец не стигна до победа за бегство од дното. Со 15 бодови се искачи на 8-то место но и натаму е со скромна бодовна залиха. На неделата средба и двете екипи имаа свои шанси, но без реализација.
В среда во дерби на дното, ФК Борец 1919 игра во Скопје со последно пласираниот ФК Работнички, со кого во првиот натпревар во Велес одигра реми. Доколку сакаат мирен зимски сон, велешани ќе треба да обезбедат добар резултат, најмалку реми, од арената Тоше Проески. И в недела во Велес, против екипата на ФК Ренова која е деветта со бод помалку.
фото 1 и 2 Радица Дукова
Tweet |