Петар Печков
Објавено: недела, 08 март 2020
Градски стадион Зоран Паунов Велес
судија: Марјан Младеновски Скопје
стрелец: Радовиќ 12 мин, 41 мин. Силва 72 мин. Прелчец 78 мин за ФК Борец ; Алими 80 мин за ФК Шкендија
ФК Борец 1919: Мустафа, Десниќ (ж), Гавриќ, Коцев, Прелчец, Радовиќ (ж), Ристевски, Силва, Стоименовски, Стојковски (ж), Трајановски играа и Трајков, Лазаревиќ, Абаз
ФК Шкендија: Захов, Даљку, Мици (ж), Алими (ж), Ибраими Б. Ибраими А. Ахмети, Мурати (ж), Кривак (ж)(ж), Нафиу, Имери играа и Нето, Радески, Фазли
Убедлива и сигурна победа забележаа фудбалерите на ФК Борец, на средбата со актуелниот првак екипата на ФК Шкендија од Тетово со 4:2 (2:0)
Во важен натпревар за борбата за опстанок, фудбалерите на ФК Борец на домашен терен, на Градски го совладаа тимот на ФК Шкендија кој е второпласиран на табелата а и актуелен првак на Македонија, со 4:2. Средбата беше од 22-тот коло на Првата лига. натпореварот беше отворен со ефектниот гол на засилувањето од зимскиот преоден рок Радовиќ во 12 мин. Тој беше стрелец и во 41-та. На високи 3:0 зголеми Силва а Прелчец го дотолче нокаутираниот противник со гол во 78-та за 4:0. Гостите од Тетово се вратија од нокдаун, со двата гола на Алими во 80-та и 90-та минута.
Гостите од Тетово први се заканија уште во 4-тата минута со два удари од шеснаесетникот, но голманот Мустафа одлично реагираше и ги добрани. Во 17-та Прелчец од слободен удар од 17 м. ја погоди стативата. Мустафа повторно одлично одбрани удар на гостите од 5м. Борец во 45-таа преку Прелчец имаше можност да зголеми на 3:0 но гостинскиот голман одлично реагираше одбрани.
И по ова коло ФК Борец останува последен 10-ти на табелата со 24 бода, еден помалку од ФК Работнички и ФК Струга ТЛ.
По ова коло следат две врзани гостувања, в среда против Македонија ЃП во Скопје а недела во Кратово против Силекс. За 18-ти, среда е дерби средбата со конкурентот за опстанок, скопски Работнички а во последното коло на 21 март велешани гостуваат на ФК Ренова.
Tweet |