речник контакт

ФК Борец го доби службено натпреварот, дербито со ФК Вардар во Неготино

Со овие три бода велешани се искачија на второ место

Петар Печков


Натпреварот од четвртото коло на Третата фудбалска лига Југ, помеѓу ФК Вардар од Неготино и велешки ФК Борец е регистриран со 0:3 за гостите. Оваа информација ја објавија од велешкиот клуб.

„По одлука на комесарот за натпреварување, натпреварот со Вардар од Неготино е регистриран со службен резултат 0:3 во корист на Борец 1919, поради неподмирени обврски на противникот“ – пишува во објавата на ФБ профилот  на ФК Борец.

Натпреварот заврши со резултат 2:2  а велешани водеа со 0:2. Со оваа одлука и трите доделени бода службено, Борец се искачи на второто место на табелата со 10 бодови.  Утре недела тие дома на Градски играат со екипата на ФК Росоман. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »