речник контакт

ФК Борец елиминиран од Купот во Струга

ФК СТРУГА ТЛ -ФК БОРЕЦ 1:1 на пенали 5:4

Петар Печков

Како и пред четири дена, фудбалерите на ФК Борец во Струга одиграа нерешено 1:1  со екипата на ФК Струга ТЛ.  Велешани поведоа во 3-тата минутасо голот на Ѓоргиев од пенал , а домаќините израмнија во 34-тата.

Судиското продоление домаќините го играа со играч помалку, Кадриу беше исклучен откако фудбалер на Борец , кој беше во контра и можност да илезе сам пред домашнмиот гол, со боречки зафат, со раце го кутна на земја.

Бидејќи ова беше натпревар од осмина финалето од фудбалскиот Куп и мораше да има победник, се премина на изведување удари од 11 метри. 

Аргентинецот Гонзало не реализира еден од ударите, затоа пак голманот на велешани Рниќ во следната серија  пенали одбрани  и   подобар од пет удари од 11 метри,  заврши со 4:4. 

Се прејде на дополнително изведување и првиот удар од Стоименовски, не беше реализиран, бидејќи голманот на Стружани одбрани а следниот пенал,  нивниот фудбалер го реализираше со што натпреварот заврши со резултат 5:4 и ФК Борец  е елиминиран   од натпреварувањето  во фудбалскиот Куп.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »