Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 декември 2018
Во дербито на есента фудбалерите ан ГК Борец со голот на Колевски ви финишот, 82 минута го совлада тимот на ГК Тиквеш до Кавадарци. Тоа беше натпревар на прво и второ плисираната екипа, во која велешани имаа иницијатива и три гол шанси, за гостите една, во последните секунди од средбата. По оваа победа ФК Борец е есенски првак со 37 бода а ФК Тиквеш е втор со 29, или осум помалку од лидерот, кој има солидна залиха пред пролетта.
Фудбалерките на ЖФК Борец одземаа бод во Тетово на екипата на ФК Љуботен играјќи нерешено 1:1(0:1). Домаќинките израмнија во 79 минута и се спасија од пораз. Тоа беше средба на две екипи кои имаат по една победа, против Плачковица од Радовиш. По ова последно есенско коло ЖФК Борец е 12-ти со 4 бода колку што има и ЖФК Љуботен. Сепак велешанки имаат уште еден натпревар, следниот викенд кога играат Куп против екипата на Плачковица, која убедливо ја победија во Радовиш, во првенствен натпревар.
Во Првата футсал лига КМП Велес одигра нерешено против ЛМФ Јувентус Серава 3:3 (1:2). иако во првите 20 минути велешани воделе, шампионот морал да спасува бод во финишот. Вториот велешки футсал лигаш КМФ Гемиџии 1903 играше во Кавадарци против КМФ Црна река и загуби дури 15:2 а двете екипи се соседи на табелата. По ова 12 коло предноста која ја има лидерот КМФ Шкупи се зголеми на 4 бода повеќе од КМФ Велес кој е втор. КМФ Гемиџии останаа на 12 бдоа и се осми. Во следното коло КМФ Велес игра со екипата на КМФ Проект Цико од Миравци, додека КМФ Гемиџии повторно гостува на последно пласираниот тим на КМФ Шкендија кој има 4 бода.
Одбојкарите на ГОК Борец загубија на гостувањето до ОК Студент со максимални со 3:0 (23,16,16). Само во првиот сет младите велешки одбојкари дале силен отпор. УГД Студент ја прекина серијата од четири порази, а ГОК Борец има само еден триумф и тоа против „Дибраволеј и остана по чест кола на претпоследно место до 10 екипи.
Кошаркарите на КК Борец Баскет загуби во Кочани од екипата на Дино Баскет со 76:69. И покрај поразот велешани се лидери, но со осум натпревари и 13 бода, пред Карпош Соколи кој има 6 средби и сите завршија со победа во корист на скопјани. Велешани атакуваат на првите четири места кој носат разигрување за пласман во Прва лига. Следното коло е големо искушение за КК Борец Баскет, доаѓа втората екипа на МЗТ Скопје која е трета по седум кола со пет победи и два порази.
Во овчеполското дерби од Третата лига Исток, фудбалерите на Работник од Лозово загубија во Свети Николе од ФК Овче поле со 2:0 (1:0). Домаќинот кој е второ пласиран стигна до сигурна победа над гостите кои се четврто пласирани. Со ова заврши есенскиот дел на натпреварите од Трета лига Исток а есенски првак е ФК Осогово од Кочани.
Tweet |