Петар Печков
Објавено: недела, 18 октомври 2026
Во шестото коло на Третата лига Југ, порази за ФК Борец и ФК Превалец, победа за ФК Башкими од Горно Јаболчиште. Дербито на прво и второ пласираниот се одигра во Прилеп каде лидерот ФК Победа победи со уверливи 4:0 над ФК Борец. Изненадувачки висок пораз на домашен терен славеше ФК Превалец кој беше четврти од ФК Пити Гули од Крушево, десетопласиран и тоа со 0:5. Радост само за ФК Башкими кој на теренот во Чашка победи со 4:1 над ФК Победа од Пепелиште -неготинско. Тоа беше соседско дерби на осмопласираниот и седмопласираниот од табелата.
По ова коло ФК Борец падна на трето место со 11 бода, лидерот ФК Победа има 18, ФК Превалец е 6-ти со 10 бода и ФК Башкими е 8-ми со 8 бода.
Во следното коло ФК Борец игра дома со ФК Влазмини јуниор од крушевски Преслил кој е претпоследен 13 со три бода. ФК Превалец гостува во прилепско Горно Коњари кај истоимениот тим, соседско дерби на петто и шестто пласираните тимови, а ФК Башкими игра во Крушево со ФК Питу Гули кој е 10-ти со 7 бода.
Се одигра третото коло од Општинската фудбалска лига Велес. На врвот ФК Раштани и ФК Локомотива од Градско со ист број бодови по 7 и плус 4 гол разлика.
Постигнати се следните резултати.
ФК МЛАДОСТ 1976 - ФК ПЛАВНИК 1:2
ФК РАШТАНИ - ФК ФОРЦА НОВА 3:0
ФК СОГЛЕ - ФК ГОРСКИ 0:0
ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА - ФК ТОПОЛКА 1:0
ФК ВРАНОВЦИ – ФК БУЗАЛКОВА 1:1
1. ЗГ ФК РАШТАНИ 3 2 1 0 5 :1 7
2. ФК ТИМ ЛОКОМОТИВА 3 2 1 0 6 :2 7
3. ФК ГОРСКИ 3 1 2 0 2: 1 5
4. ЗГ ФК Врановци 3 1 1 1 3:4 4
5. ФК ПЛАВНИК 3 1 1 1 4:5 4
6. ФК ФОРЦА НОВА 3 1 1 1 6: 7 4
7. ФК Бузалкова 3 0 3 0 3: 3 3
8. ФК ТОПОЛКА 3 1 0 2 2: 3 3
9. ФК СОГЛЕ 3 0 2 1 1 :2 2
10. ФК МЛАДОСТ 3 0 0 3 3 : 7 0
Во следното четврто коло играат:
ФК Плавник – ФК Булакова
ФК Тополка – ФК Врановци
ФК Горски – ФК Локомотива
ФК Форца нова – ФК Согле
ФК Младост – ФК Раштани
фото ФК Горски
| Tweet |




