речник контакт

ФК Борец има нови сопственици, стартуваа подготовките за пролетниот дел од првенство на Втората лига

Марјан Нацев од академија Нацев и Рац Цветановски од ФК КУЛ од Скопје презедоа ФК Борец

Петар Печков

Од денес велешкиот фудбалски второлигаш ФК Борец има нова управа и промена на раководството. Клубот го предадоа досегашните сопственици Брчкови на  Рацо  Цветановски од  фудбалска школа  Скул и Марјан Нацев од академија Нацев.

Тие најавија дека не се дојдени за само кратко, туку ќе работат на подолги патеки. Ќе се обидат да го избегнат излегувањето од ова друштво, иако тоа ќе биде скоро невозможно, оти по 15 кола ФК Борец нема ниту бод. Најавуваат дека имаат соработката со други прволигашки клубови Шкупи, Тиквеш, Работнички и заедно со велешките фудбалери ќе се состави тим за подолги патеки. Веќе е одржана и првата прозивка.

„Од недела започнуваме со тренинзи, За новитетите во однос на тренер, играчи, повеќе во наредните денови. Во овој период треба да се завршат и административните промени на сопственоста на клубот“ - кажа во првата изјава за медиумите Марјајн Нацев, поранешен фудбалер на ФК Борец и младински репрезентативец на Македонија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »