Петар Печков
Објавено: среда, 29 јануари 2020
Велешкиот прволигаш од понеделникот се наоѓа на подготовки во соседна Грција. Десет дневните подготовки се спроведуваат во спортски тренинг центар Атермон и договорени се три контролни натпревари. Еден веќе се одигра, вчера вечер со ФК Килкисиакос а велешани славеа над третолигашот со 0-3. Натпреварот се одигра под рефлектори на стадионот во Кукуш. Стрелци за ФК Борец беа Никола Прелчец, Емил Абаз и Џемаил Ибрахимовиќ.
Пред заминувањето на ФК Борец на подготовки за Грција, клубот ги официјализираше и промовираше новите засилувања за престојаната полусезона во Првата фудбалска лига. Тоа се - Фернандо Да Силва, Дарио Десниќ, Никола Радовиќ, Александар Анастасов, Дарко Јоциќи Никола Ристески.
Покрај новите засилувања во тимот се приклучени и тројца перспективни млади фудбалери од младинска академија-Бобан Дукадиновски, Џемал Ибрахимовиќ -кој постигна гол на дебито за првиот состав и Давид Тодоров.
Tweet |