Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 септември 2019
Градски стадион Тетово судија Мечкаровски Скопје
стрелци: Селмани 15`, Гафури 87` од пенал за Ренова, Христов 83` од пенал за Борец
состави: Велии, Адеми, Фетаи, Гафури, Мишкоски(ж), Садики, Селмани Ј. Селмани Р. Таипи, Велија, Зука,
Борец: Георгиевски, Абаз, Ефтимов, Гавриќ (ж), Ѓорѓиев, Христов, Коцев (ж), Пеев, Прелчец, Ристовски, Стојковски (ж)
Фудбалерите на Борец го забележаа петтиот пораз во осум натпревари во новото прволигашко друштво. Вчера се поразени во Тетово од ФК Ренова со 2:1 која е четвртопласирана. натпреварот го одбележи финишот кога велешани во 83-тата израмнија од пенал, преку Христов а домаќините во 87-та поведоа со гол исто така од пенал. Првиот удар на Мишковски, голманот Георгиевски го добрани. Но при одбиената топка, судијата Мечкаровски процени дека Адеми бил соборен за нов удар од 11 м. Оваа одлука ги револтираше велешани, но попусти беа реакциите. Гафури шутираше, Георгиевски процени но не успеа да ја скроти топката и гол за радост и победа на ФК Ренова. По осум кола ФК Борец 1919 е последен со пет бодови. Во следното последно, деветто коло од првиот дел на првенството, сабота во Велес гостува ФК Струга Т.Л. која е осма со осум бодови и последна надеж за велешани со победа да фатат приклучок со останатите екипи. За потсетување во средата во Куп натпревар во Велес, овие две екипи одиграа нерешено без голови.
Tweet |