речник контакт

ФК Борец првак на Третата лига Југ

Пораз за КМФ Кеги моби во претпоследното коло на Првата футсал лига. Резултати од Третата фудбалска лига Југ

Петар Печков


Футсал екипата на КМФ Кеги моби е поразена во Скопје, на Чаир од составот на КМФ Јувентус Серава беше  која 6-то пласирана. Велешани загубија со 3:6 но и натаму се втори со 32 бода, еден повеќе од КФМ Форца.  Тоа беше претпоследно коло од Првата лига . Во последното следниот викенд играат дома со КМФ Шкупи, кој е 5-то пласиран со 23 бода. Во меѓувреме, среда го играат финалето од Купот. Во Гевгелија во салата 26 април за противник го имаат новиот првак КМФ Проект од Јосифово, кој оваа сезона 2025/26 нема пораз а во двете првенствени средби го совлада КМФ Кеги моби со 6:2 и 6:3. Но финалето на Купот секогаш дава посебна мотивација за победа.

Co убедливи 5:0 велешки ФК Борец славеше во 23 коло од Третата фудбалска лига Југ. Без многу мака, велешани стигнаа до победата  над петто пласираниот тим на ФК Питу Гули од Крушево и до титулата првак во оваа конкуренција. Ова откако второпласираниот тим на табелата ФК Превалец загуби во неготински Долни Дисан од ФК Венец со 3:0. Тоа беше дерби за врвот, оти играа второ и трето пласираниот. Така разликата помеѓу лидерот ФК Борец кој има5 8 бода и второпласираниот ФК Превалец кои има 49 бода, и гол разлика од +18 гола повеќе од превалчани, создаде бодовна разлика за  славје. За пласман во Втора лига се игра бараж. ФК Башкими дома во Чашка одигра без голови со ФК Млекар од Прилеп 0:0 кој беше осми. По ова коло ФК Башкими е 6-ти со 31 бод а ФК Тополка беше слободна и остана 11-та од 12 екипи, со тоа што две екипи се откажаа од натпреварите. Во следното  24 коло, ФК Превалец го пречекува четвртопласираниот ФК Ултрас од Прилеп, ФК Тополка гостува во прилепско Кривогаштани кај последнопласираниот  ФК Младост а ФК Борец и ФК Башкими се слободни. 

По дисквалификацијата на ЖФК Порече поради два  неодиграни натпревари, ФФМ  го дисквалификува од Втората лига жени. Бидејќи лигата остана со пет екипи, првенството е прекинато, бидејќи нема минимален број на 6 екипи.   Табелата останува со пласман како што е на 10-то коло. По ова ЖФК Борец е 5-ти со 7 бода.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »