речник контакт

ФК Борец реди порази, загуби и од Брегалница во Штип

Убедлива победа за одбојкарите, кошаркарите победија со голем пресврт и ракометарите кои славеа во финишот, пораз за фудбалерите на ФК Локомотива од Градско во Втората лига Исток

Петар Печков

Ништо ново, уште еден пораз за ФК Борец во Првата лига. Велешкиот прволигаш во резултатска и играчка криза, која трае долго. Денес загубија во Штип од екипата на ФК Брегалница со 1:2, која беше шесто пласирана. Велешани поведоа рано, уште во 5-та минута со голот на Ѓорѓевиќ. Домашните фудбалери израмнија во судиското продолжение на првото полувреме со голот на Ацковски.  Алтипармаковски со 79` постигна гол за водство на домаќинот 2:1 а што подоцна се покажа дека ќе биде и конечен резултат.  Ова беше натпревар од 15-то коло а во следното коло, следниот викенд, во Велес гостува екипата на ФК Македонија ЃП која е 7-ма со 20 бодови. Велешани и натаму се претпоследни со скромни осум бода. За илустрација ФК Тиквеш е пред нив со 13 бода.

Во 12-то коло на Втората лига Исток, во Виница ФК Локомотива од Градско загуби со 3:0 од лидерот ФК Слога. Така фудбалерите од Градско остануваат на пет бодови, и се претпоследни. Во следното коло ја пречекуваат екипата на ФК Осогово, која е 5-то пласирана со 17 бода.  

Одбојкарите на ГОК Борец победија во Скопје против ОК Јанта волеј со 0:3 ( 20;17;14). Ова беше натпревар од 10-тото коло, во претходното загубија уверливо од ОК Вардар со 3:0 (20;21;20). Во последното 11-то  коло велешани се слободни, но имаат натпревар за одигрување, дома со екипата на ОК Шкендија од деветтото коло. Велешани се веќе во разигрувањето, меѓу првите шест екипи.  

Ракометарите на ГРК Борец во 9-тото коло, прво од вториот круг ја совладаа екипата на РК Партизан од Гевгелија со 35:33 (16:14) со која имаа ист број подови по 9. Домаќините водеа се до средината на второто полувреме кога гостите направија пресврт и поведоа се до пет минути пред крајот. Велешани се враќаа во игра израмнуваат и на крајот слават со два гола предност.  По овој натпревар ГРК Борец е 5-ти со 12 бода а во следното коло е слободен.   

Кошаркарите на КК Борец баскет со голем пресврт победија во 8-то коло, дома во салта Гемиџии. Ланскиот прволигаш, кој годинава има само една победа беше совладан со  103:92 иако на половина од 3/4 губеа со   77:57. Ако пред седум дена, во Скопје велешани пропиштија водство од +23 над Вардар, сега -20 коша ги анулираа и победија со 11 поени. Така по трите тесни порази со еден- два поени, овој пат кошарките на КК Борец басект се надминаа и победија. По ова коло велешани се  9-ти со 11 бода. Во следното коло од Втората лига  велешани гостуваат на Чаир кај екипата на КК Шкупи, која има бод повеќе.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »