Петар Печков
Објавено: недела, 03 април 2022
Отпишаниот ФК Борец од Првата лига, неочекувано се врати непоразен од Тетово. Тој одигра нерешено со екипата на ФК Шкендија без голови 0:0. Домашниот тим имаше неколку шанси за гол, но без реализација. Велешани се бранеа и одбранија. Ова беше натпревар од 25 коло ГК Борец останува претпоследен 11-ти со 14 бода, седум помалку од пред нив екипата на ФК Тиквеш. Следното коло в среда во Велес гостува екипата на ФК Академија Пандев, која го дели второто место на табелата токму со ФК Шкендија.
Вчера во 21-то кол,о од Втората лига Исток, во Струмица ФК Локомотива од Градско беше торпедирана од екипата на ФК Беласица со 6:0. Домаќинот кој се бори за враќање во Прва лига беше немилосрден и ја наполни мрежата на слабите противници. ФК Локомотива од Градско останува фенерџија 10-ти со 6 бода. Во следното коло в сабота во Градско гостува исто така екипа од врвот Прилепска Победа која е второ пласирана заедно со Беласица.
По двата домашни неочекувани слаби резултати, реми и пораз, победа за екипата на ФК Превалец. Тие победија воБучин, против истоимената екипат на ФК Бучин со 2.4 (1:2). Домаќините кои беа 11-ти од 14 екипи беа совладани од превалчани кои се втори на табелата. Во следното коло играат дома со екипата на ФК Слога од Виница која е 5-та со 13 бода.
Tweet |