Петар Печков
Објавено: недела, 28 февруари 2021
Стадион Ѓорче Петров во Скопје
судија: Игор Стојчевски од Скопје
картони: жолт Петров, Личина, Божиновски, Адем (ФК МЃП); Ефтимов, Ѓорѓиевски, Омерагиќ (ФК Б)
ФК Македонија ЃП: Серафимов, Адем, Атанасовски, Божиновски, Чарлстон, Де Силва, Китановски Личина, Петров, Фердинандињо, Воша играа и Филиповски, Алексовски, Мавунио, Ајалаху
ФК Борец 1919: Георгиевски, Чичевски, Ефтимов, Г. Ѓорѓиев, Коцев, Мишевски, Ристовски, Силва, Стоименовски, Трајковски, Трајков во игра влегоа и - Омерагиќ, , Талаков, Адили, Османовски
Во натпревар без голови, велешкиот прволигаш ФК Борец 1919 се враќа непоразен од Скопје, каде во 20-тото коло му гостуваше на трето пласираниот им на ФК Македонија ЃП, кој беше фаворит пред натпреварот. Одиграа нерешено, без голови 0:0. И двете екипи имаа свои шанси, Коцев во 56-та минута сам од пред домашниот голман, беше неефикасен а во 72-та минута топката шеташе по гол линија, но немаше некој од велешките фудбалери да ја смести во мрежата. Домаќините во 70-тата минута го погодија директот.
По ова коло нема промени на табелата па така ФК Борец останува на шестото место со 26 бода. Веќе в среда се игра вонредно коло, на Градски во Велес ,гостува последно пласираниот тим на ФК Беласица до Струмица. Натпреварот почнува во 14ч.
Tweet |