Петар Печков
Објавено: недела, 13 февруари 2022
На стартот од втората полу етапа од Првата фудбалска лига, велешкиот прволигаш ФК Борец се враќа непоразен од Скопје. Гостуваше кај исто така ниско пласираната екипа на ФК Скопје која е 9-та со 20 бода а ФК Борец е претпоследен 11-ти со 12 бода на табелата.
Гостите, велешани рано дојдоа во водство уште во 9-тата од пенал, кој го реализираше Ѓорѓи Ѓорѓиев. Домаќинот брзо врати по шест минути во 15-тата преку Кировски. Ова беше и конечниот резултат иако домаќинот имаше повеќе од играта, ное без зрели шанси за гол.
По ова 29-то коло, ФК Борец 1919 остана на 11-тото место со 13 бода. Во следното 20-то коло, во Велес гостува второ пласираната екипа на табелата ФК Шкендија од Тетово, која се уште се надева на титулата иако заостанува пет бода од лидерот ФК Шкупи. Овој натпревар МТВ најави дека ќе го пренесува на ТВ.
Tweet |