речник контакт

ФК Борец славеше еден век постоење (фото)

Клубот е основан есента 1919 тогаш под името ФК Напредок

Петар Печков

Фудбалскиот клуб Борец 1919 во саботата, одбележа еден век  постоење. Со пријателски натпревар со српскиот супер лигаш ФК Вождовац од Белград,  клубот  на публиката и  понуди чествување за големиот јубилеј.  Натпреварот заврши со резултат 1:1, стрелци на головите беа Прелчец во 32 и Ѓоргиевски за гостите во 38 мин. (тој настапуваше за Борец минатата сезона).

Според документацијата на  Фудбалскиот клуб Борец,  основан е во 1919 година во Велес и е еден од најстарите спортски колективи во Македонија. На почетокот работел  под името Напредок, а денешното име Борец го добил во 1926 година.

На гледачите на Градски им се обрати претседателот на клубот Кочо Анѓушев, кој преку неговите фирми го финансира клубот. Тој кажа дека бројната публика која доаѓа да ги следи натпреварие, е доказ дека велешани се желни за фудбал. 

Препознавајќи ја страста на нашите навивачи пред три години одлучив прво како велешанец и љубител  на фудбалот да се зафатам со проектот Борец да стане стабилен, прволигаш а потоа и да излезе во Европа. Нашата визија е да формираме пред се млада екипа во која носители ќе бидат домашни играчи, зајакната со искусни играчи од странство, екипа која што ќе ја краси хемија и ќе дише како едно семејство. Велешани го заслужуваат најдоброто. Јас, стручниот штаб и фудбалерите ќе ги правиме горди нашите навивачи од недела во недела, а со нивното присуство на трибините тие ни покажуваат огромна поддршка и верба во нас, што искрено многу ни значи. Фудбал без публика не е комплетна игра - рече Анѓушев на присутните гледачи.   

ФК Борец 1919 од есенва е повторно прволигаш, по 18 години натпревари во понизок ранг. Откако пред три години Анѓушев стана претседател клубот од Трета лига влезе во најквалитетното друштво.  По четири кола во Ппрвата лига Борец има една победа, еден нерешен резултат и два пораза е на 7-то место со четири бодови.

Во клупската историја е запишано дека во сезоната 1987/88 е првак на Првата Македонска фудбалска лига по што се пласираше во Третата фудбалска лига Југ на Југославија, каде играше три сезони. 

Велес и ФК Борец биле домаќини на три признати европски екипи.  Повеќекратниот првак на Унгарија Хонвед на 7-ми февруари 1982 а гостите победиле со 1:2, Динамо Загреб  гостува на 29 јануари  1984-та а резултатот беше 2:4.  Партизан од Белград гостува 1998-ма а резултатот е  3:3.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »