Петар Печков
Објавено: среда, 22 септември 2021
Фудбалерите на ФК Борец со победа во Скопје над третолигашот ФК ЊУ старс ја минаа првата пречка во Купот на Македонија. Со убедливи 4:1 велешани славеа во 1/16 од купот.
Головите гостите ги постигнаа во 23`, 41`, 51` и 61` додека домаќини успеаја да израмнат во 33`-а минута. Така ФК Борец влезе во завршницата, успеа да ја мине првата пречка во Купот.
Натпреварот се играше денес а претходно минатата среда, ФК Локомотива од Градско дома загуби со 0:2 од второлигашот ФК Охрид .
Во осминафиналето пласман обезбедија Силекс, Академија Пандев, Македонија ЃП, Вардар, Брегалница, Скопје, Охрид, Пелистер, Ренова, Беласица, Работнички, Тиквеш, Струга ТЛ, ФК Шкендија и ФК Шкупи.
фото архива
Tweet |