Петар Печков
Објавено: сабота, 30 октомври 2021
Нов пораз за велешки Борец, овој пат на домашен терен од седмо пласираната екипа на табелата, скопски ФК Работнички со 0:1. Гостите ги носат бодовите од Велес со голот на Тодоровски во 63-та минута. Фудбалерите на Работнички ја прекинаа серијата од три порази во низа во Купот и првенството. Домаќините ја продолжија серијата без победа, можат да жалат оти на стартот на натпреварот, имаа неколку шанси кои останаа нереализирани. Така беше и во 57-та минута кога Лука Трајковски не реализираше гол шанса. Казната стигна за пет минути кога гостите поведоа а тоа беше единствениот гол на натпреварот.
По ова 12-то коло ФК Борец има само осум бода, остана на 10-тото место и го чека тешка битка за опстанок, бидејќи заостанува зад останатите екипи. Пред него е екипата на ФК Македонија која има 14 бода. Следното коло, во дербито на дното, се игра повторно в сабота, ФК Борец гостува во Кавадарци кај ФК Тиквеш кој е претпоследен 11-ти со само 4 бода.
Во третото коло на Првата лига во фудбал, женска конкуренција, ФК Борец победи во Дојран против екипата на ФК Истатов со 2:5. Велешани беа надмоќни и лесно прокнижија нови три бода. По трите кола тие имаат две победи и едно реми. Во следното коло повторно натпревар со струмичка екипа, овој пат во Велес на Градски гостува ФК Тиверија.
Во Втора лига Исток, ФК Локомотива на гостувањето во Пехчево кај петто пласираната екипа ФК Кит го забележа убедлив пораз од 0:4. И по ова деветто коло, ФК Локомотива остана на претпоследното деветто место. ,Во следното коло в недела гостуваат во Гевгелија кај соседот на табелата, осмо пласираната екипата на ФК Кожуф која има девет бодови.
Tweet |