речник контакт

ФК Борец со пехарот за првак на Втора лига Исток

Претседателот и спонзор Анѓушев им честиташе на фудбалерите но и на градот Велес за овој голем успех

Петар Печков

Со победа во последното коло, велешките фудбалери на Борец се простија од навивачите, освојувајќи го првенството во Втората лига Исток.  Саботата попладне, на Градски со 3:1 беше совладан конкурентот Тиквеш од Кавадарци а домаќинот титулата ја имаше на две кола пред крајот.  Стрелци за ФК Борец 1919 беа Чичевски во 9-та, Ѓорѓиевски во 77-ма и Христов во 89-та а кавадарчани преку  Делов израмнија на 1:1 во 28-та минута.

По завршувањето на средбата, пехарот за освоеното прво место во рацете на велешките фудбалери. Претседателот на клубот, кој е и финансиер Кочо Анѓушев, поради обврски, чествувањето на браќата Св. Кирил и Методиј во Рим, не беше на завршницата да се радува со неговите фудбалери. Тој го презема клубот на 20-ти  декември 2016-та година, кога клубот беше член на Трета лига - Центар.  За две и пол години клубот, под водство на  Анѓушев,  стигна до Првата лига. 

Доколку се нема љубов и се нема задоволство кон тоа што се работи, се натаму е беспредметно.  Почнавме од нула, требаше да се обезбеди финансирање на клубот, да се организира, да се мотивираат играчите што донесе резултат.  Убедливо го освоивме првото место, сега сите погледи се свртени кон Првата лига.  Потребна е подобра организација на клубот, со повеќе обврски сме, треба да се засилиме со повеќе квалитетни фудбалери, костурот да остане ист.   Им честитам на фудбалерите, но и на си кои допринесоа Борец да биде прв. Пред се му честитам на Велес, кој по долги години чекање дочека клубот да се врати во најквалитетното друштво  - изјави Анѓушев.

Тој претходно  најави дека  цел на клубот во наредните сезони е  да биде стабилен прволигаш а потоа и за повеќе, за излез во Европа. 

фото: Радица Дукова

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »