Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 септември 2017
Со победа и три бода се враќаат фудбалерите на Борец од гостувањето во Македонска Каменица. Таму со минимални 1:0 тие славеа над домаќинот САСА со голот на талентираниот млад фудбалер Андреј Кудијан. По двете гостувања, велешкиот второлигаш –Исток, в сабота ќе игра конечно пред своите навивачи. Ја пречекува штипска Брегалница, која испадна од Pрва лига. И тие како и ФК Борец имаат по четири бода од два натпревари и се на врвот од табелата.
Во второто коло од Tрета лига Центар, една победа и два порази за велешките екипи. Во дербито Вардар од Неготино ги најави неговите големи аспирации во оваа сезона и го совлада Превалец дома со 2:3. Головите за домаќините ги постигнаа Чоков и Ставревски. .
ФК НАПРЕДОК с.Крушеани - ФК ИЛИНДЕН БС 1:0
ФК ПРЕВАЛЕЦ - ГФК ВАРДАР Неготино 2:3
ФК БАБУНА - ФК БРАТСТВО 07 3:2
Во следното, трето коло, локално дерби Илинден БС – Превалец, а Бабуна гостува на Росоман во Росоман.
Tweet |