речник контакт

ФК Борец тргна со подготовките за пролетниот дел од Првата лига, со нов тренер

Од сабота клубот на подготовки во Анталија - Турција

Петар Печков

Од неделата велешкиот фудбалски прволигаш ги започна подготовките за пролетниот дел од првенството.  До петок тие се одвиваат во Велес а од 15-ти екипата заминува за Анталија- Турција.

Во борбата за опстанок клубот со нов тренер, Благој Лефков поранешен фудбалер од Велес. Тој доаѓа на местото од Јане Николовски, кој уште по три средби го немаше на клупата а од клубот тврдеа дека бил болен, за сега да се огласат дека има нов тренер.   ВО ФК Борец не е повеќе и голманот Милош Рниќ, кој ќе се помни по добрите одбрани.  

Велешани во наредните 15 кола, првенството продолжува на 13 февруари, имаат тешка задача да се спасат од испаѓање. По 18 кола ФК Борец 1919 е претпоследен 11-ти со 12 бода, и само три победи. Има три бода помалку од 10-тиот Тиквеш, место кое води во баражот и осум од ФК Скопје кое е 9-ти. Од клубот најавуваат дека во преодниот рок, кој е во тек,  клубот ќе има неколку нови имиња а некои ќе заминат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »