Петар Печков
Објавено: среда, 03 декември 2025
Дисциплинската комисија на Општинската фудбалска лига Велес, ја прифати жалбата на ФК Врановци, за натпреварот со ФК Согле и му ја додели победата со службен резултат од 3:0. Натпреварот не се доиграл откако на полувреме домаќинот ФК Согле водел со 2:1, но гостите, врановчани, констатирале дека по записник во состав е еден фудбалер а на терен друг кај домаќините, најавиле жалба, по што двете екипи се повлекле.
Со овие три бода, ФК Врановци е есенски првак со ист број бодови како ФК Младост, но со подобра гол разлика. Тренерот Хабиб Максудов успеа да создаде екипа, комбинација од искуство и младост, со која се надеваат дека ќе бидат прваци и догодина ќе играат во Третата лига Југ. Првенство продолжува на пролет и според пласманот се очекуваат возбудливи натпревари.
Т А Б Е Л А
1.ФК ВРАНОВЦИ 6 5 0 1 19:6 15
2. ФК МЛАДОСТ 6 5 0 1 14:11 15
3. ФК ФОРЦА НОВА 6 4 0 2 20:11 12
4. ФК СОГЛЕ 6 3 0 3 9:13 9
5. ФК ЛОКОМОТИВА 6 2 0 4 8:18 6
6. ФК ГОРСКИ 6 1 0 5 9:14 3
7. ФК РАШТАНИ 6 1 0 5 7:18 3
| Tweet |




