речник контакт

ФК Локомотива од Градско лидер во Третата лига Југ

ФК Превалец е втор а ФК Илинден БС при дното, исто како и ФК Работник од Лозово во Источната група на Третата лига

Петар Печков

Се одигра деветтото коло од Третата фудбалска лига Југ. Во Башино село се играше локалното дерби помеѓу ФК Илинден  и ФК Локомотива од Градско, Со убедливата победа од 0:5, како гости, фудбалерите на Локомотива се најдоа на врвот од оваа конкуренција со 18 бода  а домаќинот ФК Илиндeн остана на 13-тото од 16 екипи, со само четири бода. Третиот претставник на ОФС Велес во оваа конкуренција, ФК Превалец гостуваше кај 12-то пласираниот ФК Динамо во прилепско Мажурчиште и победи со високи 2:6. По оваа победа ФК Превалец е втор    со 18 бодa но со послаба гол разлика. На врвот се  пет екипи со по 18 бода.

Во следното коло, се игра в недела, во Градско ФК Локомотива го пречекува тимот на ФК Вардар од Неготино, ФК Превалец повторно гостува,  игра дерби со  ФК Ново Црнилиште прилепско, кој има исто 18 бода,  а ФК Илинден БС игра во кавадаречка Марена со истоимената екипа, која е едно место погоре од башиноселци, со  шест освоени бода.    

Во Третата лига Исток, во осмото коло, во Лозово се играше овчеполското дерби, ФК Работник - ФК Овче Поле. Светиниколци кои се шести,  беа подобри и победија со 1:3. По овој пораз, промени на табелата нема, ФК Работник е претпоследен, 11-ти со само четири бода. Во следното коло, в недела играат со ФК Детонит во Радовиш, кој е трет со 17 бода.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »