Петар Печков
Објавено: вторник, 30 март 2021
Лидерот ФК Локомотива од Градско, ја зголеми бодовната предност во Третата лига Југ, откако победи а противкандидатите загубија.
ФК Локомотива дома славеше со 4:1 против шесто пласираниот ФК Напредок од прилепско Крушеане. ФК Превалец на гостувањето во Неготино загуби од ФК Вардар кој е петто пласиран, со 0:1, додека ФК Илинден во Башино село загуби од осмо пласираниот тим на ФК Дојранско езеро со 1:2.
По ова 19-то коло, ФК Локомотива и натаму е лидер, со 44 бода, седум повеќе од ФК Ново Црнилиште, кој има и средба помалку. ФК Превалец остана на четвртото место со 34 бода колку што има и неговиот вчерашен ривал ФК Вардар од Неготино а ФК Илинден е последен 15-ти со шест бодови.
Веќе утре, среда се игра вонредно коло. ФК Локомотива е слободна, ФК Превалец игра дома со седмо пласираниот ФК Обршани од истоименото прилепско село кој има 25 бодови, а ФК Илинден БС гостува во Удово на екипата на ФК Младост која е 13-та со 16 бода.
Се играше и 13-тото коло од Третата лига исток, каде екипата на ФК Работник Џумајлија, загуби со 2:1 на гостувањето во Чешиново, кај истоимената екипа, која е шесто пласирана. По ова коло ФК Работник е претпоследен 11-ти со седум бодови. Во следното коло, соседско дерби според пласманот на табелата, во Лозово гостува екипата на ФК Раклиш која е десетта со 11 бода.
Tweet |