речник контакт

ФК Младост го освои Купот на ОФС Велес (фото)

ФК МЛАДОСТ - ФК СОГЛЕ 2:1

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Младост го освои Купот на Општинскиот фудбалски сојуз на Велес.

Тие попладнево на Градски стадион го совладаа тимот на ФК Согле со 2:1 (2:1). Ова беше финале на Купот во кое двете екипи го дадоа максимумот од напорната сезона.

Со оваа победа ФК Младост продолжува со натпреварите во квалификациите од регион, за влез меѓу 32 екипи кои во август ги започнуваат натпреварите за Купот на Македонија.

Пехарот од Купот на ОФС на капитенот на победничката екипа на ФК Младост го предаде претседателот на ОФС Велес, Трајче Шопов. 

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »