речник контакт

ФК Превалец, есенски првак на Трета лига Центар

ФК Локомотива фенерџија а ФК Илинден 12-ти, од 14 екипи

Петар Печков

Изминатиот викенд се одигра последното 13-то есенско коло од Третата фудбалска лиги Центар. Таму настапуваат три екипи од ОФС Велес. 

Во локалното дерби во Башино село ФК Превалец минимално со 0:1 го победи ФК Илинден. ФК локомотива од Градско загуби минимално со 1:0 во Ваташа оd екипата на ФК Габер.

Бидејќи екипата на лидерот ФК Росоман 83 загуби во дербито од трето пласираниот ФК Напредок во прилепско Крушеане, есенски првак е ФК Превалец со 34 бода,  два вода  повеќе од ФК Росоман. ФК  Илинден се пласираше на 12-тото место со  11 бода а последна 14-та е ФК Локомотива од Градско со шест бодови. Првенството продолжува во март, следната година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »