Петар Печков
Објавено: вторник, 27 ноември 2018
Во двата заостанати натпревари од Третата лига Центар, се решаваше прашањето на есенскиот првак. ФК Превалец со високата победа од 9:0 (4:0) над ФК Големо Коњари која беше десетто пласирана. Со головите на Димче Ставревски во 6' и 63' , Сашко Кочов 9' и 75', Кристијан
Маневски 43' и 64' , Љупчо Донев 40', Иванче Давитков 80' и Бобан Андов 85' превалчани стигнаа до лидерската позиција со еден гол повеќе од второпласираниот ФК Питу Гули од Крушево. Тој исто така имаше заостанат натпревар, играше против ФК Бабуна и победи само со 2:0 па така двете екипи ФК Превалец и ФК Питу Гули имаа ист број бодови по 28 а превалчани имаат гол разлика плус 22, крушевчани плус 21. Со поразот ФК Бабуна остана трета со 21 бод. Помладиот третолигаш од населба Превалец ФК Тополка е последен со само пет бодови. Првенството продолжува напролет.
Во Третата лига Исток, екипата на ФК Работник од Лозово дома со одбојкарски резултат 3:0 (2:0) славеше против претпоследниот тим на таблата ФК Малеш од Берово. По ова а победа домаќинот остана на четвртата позиција со 22 бода. Во последното есенско коло, викендов се игра овчеполското дерби во Свети Николе, играат ФК Овче Поле кој е втор и ФК Работник од Лозово.
Се одигра последното деветто коло од Општинската фудбалска лига и есенски првак е екипата на ФК Форца нова со бод предност над ФК Мартолци.
ФК Локомотива - ФК Согле 3:3
ФК Башкими - ФК Интернационал 3:1
ФК Горски - ФК Младост 1:1
ФК Илинден БС - ФК Форца Нова 0:2
слободна беше екипата на ФК Мартолци
Т А Б Е Л А
1, Форца нова 8 6 1 1 13: 6 19
2. Мартолци 07 8 6 0 2 27:11 18
3. Башкими 8 5 0 3 14:8 15
4. Локомотива 8 4 2 2 18:14 13
5. Илинден БС 8 4 0 4 18:13 12
6. Горски 8 3 2 3 12:14 11
7.. Младост 8 3 2 3 10:13 11
8. Интернационал 8 1 0 7 15:28 3
9. Согле 8 0 1 7 8:29 1
Tweet |