Петар Печков
Објавено: вторник, 17 септември 2019
Во третото коло од Третата фудбалска лига Центар, трета победа по ред за ФК Превалец, додека ФК Локомотива и ФК Илинден забележаа нови порази.
Превалчани дома со 2:0го совладаа ФК Братство од прилепско Житоше и со максимални девет бода се трети, позади ФК Вардар Неготино о ФК Росоман, поради послабата гол разлика. Во Градско гостуваше ФК Неготино и забележа висока победа од 2:10 (2:4). Иако домашните поведоа со 2:0 во 28 мин., неготинци потоа постигнаа дури десет голови и го здржаа лидерското место. ФК Локомотива е 11-та од 14 екипи, со еден бод. ФК Илинден од Башино село гостуваше во прилепско Кривогаштани каде загуби со 4:1 и остана на 12-тото место со само еден б од, од две средби.
Во следното коло ФК Превалец гостува во прилепско Големо Коњари, кај истоимениот третолигаш, кој е деветти со три бода. Во Градско се игра соседското дерби помеѓу ФК Локомотива и ФК Росоман, кој е втор со девет бодови. На игралиштето во Башино село ФК Илинден ја пречекува ФК Марена која е осма со три бода.
Викендов играа и фудбалерките во Првата лига. Велешки ЖФК Борец одигра нерешено со ФК Кочани 2:2. Тоа беше средба на двете најслаби екипи во лигата, претпоследната -домаќинките и последната -гостинките. Сега по три кола имаа по еден бод. Во следното коло ЖФК Борец, утре среда, гостува на ЖФК Каменица Саса во Македонска Каменица која со седум бодови е трета.
Tweet |