Петар Печков
Објавено: четврток, 04 октомври 2018
Во четвртото коло од Третата фудбалска лига Центар победа и две нерешени средби за велешките екипи.
ФК Превалец дома со 3:0 (1:0) го совлада петто пласираниот тим на ФК Тополчани, со головите на Крстев во петата минута, Велковски во 73-та и Донев во 83-та. ФК Бабуна на гостувањето во кавадаречка Марена, против истоимениот тим -шесто пласиран на табелата, спаси бод во финишот во 80-тата преку Куртагиќ. Домашните повеле преку Стојчев во 27, ФК Бабуна израмнува на 1:1 во преку Петкоски и ново водство за ФК Марена со голот на Јованов во 65. ФК Тополка играше дома со ФК напредок од прилепско Крушеане, 2:2 а гостите досега немаа ниту бод, ова им е прв во ова конкуренција.
По четири кола сам ан врвот е ФК Превалец со 4 победи и максимален број бодови 12, втора е ФК Бабуна со 10 бода а ФК Тополка е осма со 4 бодови. Во следното коло, недела се игра дербито на првите две екипи ФК Бабуна е домаќин на ФК Превалец. ФК Тополка гостува во прилепско Црнилиште на ФК Ново Црнилиште која е деветта со една победа и три бодови.
И за настапот на екипата на ФК Работник од Лозово во Трета лига Исток. Тие во третото коло дома, во Лозово со 2:0 (0:0) ФК Кежовица од Штип. Домашните до трите бода стигнаа во финишот во последните 10 минути со головите на Стефановски 81 и Атанасовски 90-та. По три кола ФК Работник е трет од осум екипи, со две победи и шест бодови. Во следното коло Работник гостува на претпоследниот тим ФК Рудар од Пробиштип кој има една победа и три бода.
Tweet |