речник контакт

ФК Превалец ја совлада со негови фудбалери засилената ФК Тополка

Пораз за ФК Башкими во вонредното 21 коло на Третата фудбалска лига Југ. Недела 19 април супер дерби за првак ФК Превалец -ФК Борец

Петар Печков

Се одигра вонредното, второ за три дена,  21 коло од Третата фудбалска лига Југ. Локалното дерби во Превалец, помеѓу ФК Тополка и ФК Превалец со победа за постариот лигаш 1:2 (1:1).ФК Превалец со порака на ФБ „Натпревар за престиж, натпревар за достоинство, за историја. Сме биле, сме и ќе бидеме уште посилни и уште појаки, одиме на прво место“.  За ФК Тополка настапија четирите првотимци на ФК Превалец, кој пред почетокот на пролетниот дел заминаа во конкурентниот тим на ФК Тополка. Но ниту тие не го сопреа постариот лигаш да слави. Со оваа победа ФК Превалец дојде на минус 3 бода во однос на ФК Борец, кој ова коло беше слободен. Втор пораз поред за ФК Башкими од Горно Јаболчиште, овој пат во неготински Долни Дисан од ФК Венец со 2:1 (2:0), но остана на 6-тото место со 27 бода.

Во следното коло, следниот викенд се игра 22 коло  кога е игра супер дербито ФК Превалец – ФК Борец.  ФК Башкими игра дома во Чашка со ФК Ултрас од Мало Коњари кој  е 9-то пласиран со 17 бода,  додека ФК Тополка гостува во Крушево кај петопласираниот ФК Питу Гули –има 32 бода.

 фото ФК Превалец

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »