Петар Печков
Објавено: среда, 23 мај 2018
Со 14-тото последно коло завшри Општинската фудбалска лига на Велес. Првак е екипата на ФК Тополка од Превалец. Таа има ист број бодови со второпласираниот ФК Башкими од Горно Јаболчиште, по 32, но подобрата гол разлика беше реашавачка преавлачани да слават и бидат прваци. Во последното коло дома победија со 2:1 против Интернационал а ривалот ФК Башкими со службен резултат 3:0 го доби натпреварот против Форца Нова. Ист таков случај имаше и на средбата ФК Согле и ФК Младост, повторно 3:0 за домаќините. Ова е втора победа за екипата на Согле и двете се со службен резулат 3:0. Во вториот одигран натпревар во последното коло ФК Мартолци со 6:0 го победи ФК Горски. Екипата на ФК Тополка ќе игра квалификации за пополнување на Третата лига Центар.
последно коло резултати
ФК МАРТОЛЦИ 2007 - ФК ГОРСКИ 6:0
ФК ТОПОЛКА - ФК Интернационал 2:1
ФК СОГЛЕ - ФК МЛАДОСТ 3:0 служб.
ФК БАШКИМИ - ФК ФОРЦА НОВА 3:0 служб.
Т А Б Е Л А
1. ФК ТОПОЛКА 14 10 2 2 48: 20 29
2. ФК БАШКИМИ 2008 14 10 2 2 31: 9 29
3. ФК МАРТОЛЦИ 2007 14 8 6 3 42: 25 27
4. ФК ИНТЕРНАЦИОНАЛ 14 6 4 4 33: 34 22
5. ФК ФОРЦА НОВА 14 5 1 8 31:35 16
6. ФК ГОРСКИ 14 3 4 7 16:29 13
7. ФК МЛАДОСТ 14 2 4 8 13:24 10
8. ФК СОГЛЕ 14 2 0 12 23:62 6
Во петпоследното коло на Третата лига Центар се одигра локалното дерби ФК Превалец и ФК Бабуна. Гостите од Мартолци славеа со 1:2. Екипата на ФК Илинден од Башино село со 4:2 беше поразена од ФК Питу Гули со 4:2. Домаќинот е 6-ти со 45 бода. По ова коло најдобро пласирана велешка екипа е ФК Бабуна 3-та со 52 бода, ФК Превалец е петти со 45 бода и Илинден БС кој е претпоследен со 11 бода. Во последното коло играат: во Башино село Илинден против ФК Марена која е 8-ма со 32 бода, ФК Бабуна игра со Големо Коњари кој е 7-ми со 34 бода и ФК Превалец гостува во прилепско Житоше на ФК Братство, кој со 28 бода е деветти. Тоа е последно коло во оваа конкуренција.
Tweet |