речник контакт

ФК Тополка со победи нaд конкурентите за прво место, ита кон Третата лига Југ, донација од ОФС И ФФМ за ФК Бузалкова

Кошаркарите со пораз го завршија превенството, во разигрувањето за Прва лига играат со КК Соколи. Порази за фудбалерките на ЖФК Борец, победа за фудбалерите на ФК Превалец, пораз за ФК Башкими. Резултати 14 коло Општинска фудбалска лига, се одигра и Куп натпревар од ¼. Табела на Општинска фудбалска лига Југ

Петар Печков

Кошаркарите на КК Борец баскет загубија дома убедливо со 69:81 од лидерот КК Маџари. Со овој пораз во последното 22 коло велешани паднаа на 7-то место од Втората лига, иако во еден ден од првенството беа и трето пласирани. Со овој пласман КК Борец басект се пласира во разигрувањето за пласман во Прва лига. И прв противник е екипата на КК Соколи. Се игра на два добиени натпреври.

Женската екипа на ЖФК Борец загуби дома со 1:3(0:0) од составот на ЖФК Порече, кој е 4-то пласиран. По ова претпоследно коло велешанки се претпоследни 7-ми со 4 бода, а три имат одземено. Во следното, последно коло играат со екипата на ЖФК Слободен, кој е последна. Или тоа ќе биде натпревар кој ќе решава која екипа ќе биде последна во Втората лига.

Во Третата лига Југ ФК Превалец победи на гостувањето  со 1:3 (0:1) над екипата на ФК Росоман која беше 5-то пласирана.  ФК Башкими во дербито со лидерот во прилепско Горно Коњари со истоимениот тим, загуби со 4:0 (2:0). По ова 23 коло ФК Превалец е втор со 44 бода а ФК Башкими  трет со 41 бод. Во следното коло ФК Превалец го пречекува десетто пласираниот состав на ФК Дреново а ФК Башкими игра дома со екипата на ФК Слога од прилепско Лажани, која е 11-та.

Во општинската фудбалска лига се одиграа двата предвидени натпреври од 14 коло.
ФК Тополка – ФК Локомотива 3:1
ФК Бузлакова – ФК  Горски 2:2
Слободни беа  екипите на ФК Младост, ФК Форца нова и  ФК Врановци.

Со оваа победа ФК Тополка победи уште еден конкурент во борбата за врвот и е блиску до пласман во Трета лига Југ.
1.ФК Тополка             10 9 1 0   23: 8    28
2..ФК Горски              11 6 3 2    24:17   21
3..ФК Локомотива      11 6 0 5   28:24    18
4..ФК Врановци           8 3 3 2    18:16   12
5..ФК Форца нова      11 3 1 7    17:25    10
6..ФК Младост           10 2 1 7    14:24      7
7. ФК Бузалкова          8 2 1 5 1   3:18      7

Во следното 15 коло играат:
ФК Младост- ФК Тополка
ФК ЛОкомотива – ФК Бузалкова
ФК Горски – ФК Врановци
слободна е екипата на ФК Форца нова
 
Пред натпреварот помеѓу ФК Бузалкова и ФК Горски, домаќинот ги доби петте фудбалски топки  до претседателот на ОФС Велес, Трјче Шопов, донација од ОФС и ФФМ. Со истите току игра и фудбалската репрезентација на Македонија. Со ова сите седум екипи кои се натпреваруваат во лигата на ОФС ја добија донацијата.

Викендов кога беа слободни Куп натпревар од 1/4 одиграа ФК Младост и ФК  Форца нова. Победи домаќинот со 1:0. Претходно ФК Локомотива службено се пласираше во полуфиналето, откако ФК Чашка се откажа а ФК Горски славеше во Чашка над ФК Врновци на пенали со 3:4. Останува  во ¼ да се одигра уште натпреварот помеѓу ФК Бузалкова – ФК Тополка.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »