речник контакт

ФК Форца нова пред промоција за првак на ОФС Велес

ВО дербито ФК Форца нова - ФК Младост 4:0 Се одигра 13 коло на ОФС Велес

Петар Печков

Победа за ФК Форца нова во дербито на колото со кое се искачија на лидерската позиција во Општинската Фудбалска лига Велес. Тие со уверливи 4:0 го совлада довчерашниот лидер ФК Младост. Третиот кандидат ФК Врановци дома одигра нерешено   со ФК Согле 1:1 и сам се исклучи од борбата за врвот.  Во дербито на дното, двете последно пласирани екипи  ФК Раштани и ФК Горски играа нерешено 2:2. Во следното коло ќе се решава првакот, тоа повторно екипата на ФК Согле ќе биде противникот на кандидатот за победник. Откако денес го елиминираа ФК Врановци, в недела го пречекуваат тимот на ФК Форца нова. ФК Младост ќе чека разрешница во натпревар со отпишаниот последно пласиран ФК Раштани.

Во 13 коло играа
ФК Раштани –ФК Горски            2:2
ФК Форца нова – ФК Младост   4:0
ФК Врановци – ФК Согле           1:1
Слободна беше екипата на Локомотива од Градско 
                               Т А Б Е Л А 
1. ФК ФОРЦА НОВА       11   8   1  2    32:13    25
2. ФК. МЛАДОСТ            11   8  0   3    35:22    24
3. ФК ВРАНОВЦИ           12   7  2    3  26:16     23
4. ФК ЛОКОМОТИВА       11   6  0   5    20:22    18
5. ФК СОГЛЕ                  11   3  2   6    13:23     11
6. ФК ГОРСКИ                11   2  1   8    17:29       7
7. ФК РАШТАНИ             11   1  2   8    10:28       5

Во последното коло, кое се игра ндела на 3 мај играат:
ФК Согле – ФК Форца нова
ФК Младост – ФК Раштани
ФК Гoрски – ФК Локомотива
Слободна е екипата на ФК Врановци 
 
Финалето на Купот на Општинската фудбалска лига треба да се игра по завршувањето на првенството на 9-ти мај на Градски. Во финалето играат ФК Младост – ФК Согле.
      
фото ФК Форца нова

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »