Петар Печков
Објавено: недела, 25 април 2021
Градски стадион Тетово
судија Константин Влахо од Скопје
стрелци: Бејтулаи автогол за ФК Б 13`, Мурати 62`, Ибраими 68`, Хебај 68` (ФКШ)
картони: жолт Дориев, Незири (ФК Ш), Мишов (ФК Б)
ФК ШКЕНДИЈА: Захов, Бејтулаи, Дита, Дориев, Ибрахими, Мерџани, Мурати, Нафиу, Незири, Џака, Рамадани играа и Зејнулаи, Елези, Игор, Хебај, Алими
ФК БОРЕЦ 1919: Георгиевски , Ефтимов, Гавриќ, Коцев, Мишевски, Мишов, Османовски, Шиков, Силва, Талаков, Трајкоски во игра влегоа и Адили, Иванов, Ибрахимовиќ, Мирчевски
Четири гола за домаќинот, но сепак лидерот ФК Шкендија мораше со пресврт во средината на второто полувреме да ја анулира предноста на велешани за пет гола пред крајот дома ја слави титулата, првак на Македонија. Со автоголот на Бејтулаи, ФК Борец поведе во 13-тата минута со кој резултат заврши првото полувреме. Од 69-тата до 72-та со три гола, домаќинот на Ибраими, Хебај и Мурати дојде до победат и трите бода.
Очекуваниот пораз во Тетово, ги турна велешани во борбата за опстанок. Бодовната разлика која ја имаа пред еден месец, ја испуштија со пет последователни порази и сега се во зоната која значи грчевита борба за да останат во Првата лига. ФК Борец е осми со 33 бода еден повеќе од ФК Силекс и два од ФК Ренова и ФК Вардар. А токму со скопјани играат в среда во вонредното 30-то коло. И имаат императив од победа, се друго ќе значи пат кон Втора лига.
Tweet |