речник контакт

Фаик Мефаиловски добитник на наградата за машка улога на Фестивалот на комедијата во Куманово

Фаик наградата ја посвети на колегите од велешки театар

Петар Печков

Фаик Мефаиловски е добитник на наградата за машка улога на Фестивалот на комедијата , кој се одржа по 27 пат  во Куманово. Тој го толкува главниот лик Пињон вo претставата „Вечера за глупаци“, дело на актерите од велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во режија на Ненад Витанов, која  е хит и е со распродадени билети.

„Фаик го разви  ликот до апсурдна карактеризација, доследен на комичниот манир, играјќи ја со занес и сериозност, карикатуралност на карактерот, за целосно да му поверуваме на неговaта ингениозна креација нa главниот лик“ – кажа Александар Ивановски  претседател на жирито, во кое беа и  Катерина Момева, Петар Андоновски, Ева Камчевска и Стефан Јакимовски.

Фаик наградата ја посвети на колегите од велешки театар.

„Фала ви до небо“ – рече Мефаиловски, при добивањето на наградата .

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »