речник контакт

Факултетите за туризам и за информатика се преселија во некогашниот хотел Вила Зора

Таму настава одржуваат и студентите од Техничко -технолошкиот факултет

Петар Печков

Студентите кои посетуваат дисперзирана настава на  Факултетот за труизам и Факултетот за информатика од Велес се вселија во нови простории. На овој начин треба да се решат проблемите кои се јавуваа во наставата, која се одвиваше во некогашното основно училиште.  

Од почетокот на месецов студентите од овие два факултети  се во просториите на некогашниот хотел Вила Зора, таму каде две  години е сместен Техничко -технолошкиот факултет со седиште во Велес.  Сите три факултети припаѓаат на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, кому му беше доделен на користење дел од објектот.

 Деканот на Техничко - Технолошкиот факултет објаснува дека со доаѓањето на студентите од  новите Факултети нема да има проблеми во одвивањето на наставата.  

Двата факулетот за туризам и информатика, кои настава одржуваат во Велес, се селат во просториите каде работи ТТ Факултет- поранешна ВИЛА ЗОРА. Сите предавални се максимално искористени во моментов, а распоредот на настава се прилагодува да е соодветен за сите три факултети.  И претходно постоеше добра соработка меѓу овие три факултети во претходниот објект на училиштето Џинот,па не гледаме пречки за посериозни проблеми во реализирање на наставата - изјави Валентина Павлова декан  на Техничко- технолошкиот факултет од Велес.  

Оваа новина беше најавена во средината на септември,  на првиот наставен ден на бруцошите од факултети кои имаат диспензирана настава во Велес.  Досега студентите и професорите наставата ја одржуваа во некогашното основно училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот.

Во него есента 2004-та ги прими првите студенти во Велес и тоа од диспензирана настава на Факултетот за туризам од Охрид.   Тоа сега е празно и со затворени, закатанчени  врати.  Со вселувањето во новите простории, се очекува дека ќе бидат решени повеќе проблеми кои се јавуваа во изведувањето на наставата.    

Очекувам дека повеќе нема да има по пет студени на предавањата и дека патот кој го минеме од Битола нема да биде залуден. Нема да има и проблеми со греењето, оти после први декември претходните години во предаваните беше толку ладно што не се седеше во нив - им порача  Пеце Митревски  декан на Факултетот за информатички науки и комуникациско инженерство на новите бруцоши.

За овие два факултети е обезбеден нов влез објектот, од страната на реката Вардар, додека за студенти на ТТФ е од улицата Димитар Влахов. Така долниот кат - приземјето е за новите станари додека са постарите останува првиот кат.  На овие два факултети има повеќе од стотина студенти од повисоките години  и 60 бруцоши.

 Од годинава и двата факултети имаат четиригодишна настава, наместо како претходно тригодишна. Дел од Хотелот Вила Зора, како Дом на пензионерите откако премина во сопственост на Општина Велес,  таа во 2012- та  отстапи одреден дел на користење на Универзитетот Св. Климент Охридски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »