Петар Печков
Објавено: среда, 28 март 2018
Шумското стопанство ,,Бабуна,, од Велес и шумската полиција откриле недостиг на околу 500 метри куби огревно дрво, од шумите во околината на велешко. Овој податок го потврдија и од СВР Велес, со дополнување дека кај нив била пријавена кражбата на истекот од минатата година, 2017-та.
Од лица упатени во случајот информираат дека недостигот е констатиран при извршениот попис при крајот ланската гдоина. Станувало збор за огревно дрво, кое е украдено од исечени дрвја, кои биле во шума, не и на пат -подготвени за транспорт.
Сторителот(те) влегувале по нив знаени патишта во шумата и од исечените трупци одземале помали дрва кои можат да ги превезат. Кражбата е констатирана во катастарскиот дел на селата Горно и Долно јаболчиште. Проценката е дека штетата е околу 7,5 илјади евра, оти вредноста на огревните дрва кои биле украдени била 900 денари за кубик.
За ова веќе имало и поднесено кривична пријава против непознат сторител, до велешкото ОЈО.
Tweet |