Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 септември 2011
Скопјанецот З.З. ( 54 год) вработен во Царинската Управа на РМ, извршувал надзор над уништување на фалсификувана стока на депонијата на ЈКП Дервен близу Велес, им дозволил на повеќе присутни работници од ЈКП „Дервен “ да земат вкупно 45 пара женски чевли и 78 парчиња очила за сонце.
Осомничениот во својство на претставник од Царинската Управа, согласно Пресуда од Основен суд Битола, како и Одобрение за уништување стока донесено од Царинската Управа, раководел со уништувањето на повеќе стотици примероци запленета фалсификувана стока.
Со ова негово дело им овозможил на дел од присутните да се стекнат со противправна имотна корист. Извршен е претрес во домовите на четири лица, при што пронајдени се и одземени сите предмети кои во целост требало да се уништат на депонијата. За ова цариникот З.З. заработи кривична пријава поради основано сомнение дека сторил „Несовесно работење во службата“.
Tweet |