Петар Печков
Објавено: четврток, 13 септември 2007
Велешката полиција по опсежна акција го фати провалникот кој во текот на летово ограби 12 стана во градот при што украл 500 илјади денари во пари и злато. Веди Ќ.(38 год) од Скопје бил фатен на лице место, откако ограбил стан на улица „Прва Комуна“ од каде однел три илјади денари.
Кај него се пронајдени дел од украдените пари и златото, како алатот со кој ги обивал становите. Приведениот во текот на изминатите месеци оперирал во Велес при што извршил 12 тешки кражби и провали на станови.
Тој ги следел сопствениците на становите, нивната имотна состојба и откако тие ќе го напуштат станот, Веди Ќ. оперирал, ги крадел парите и златото.
Тој се претставувал како вработен во Агенција за обезбедување и е познат на полицијата како опасен провалник, кој извесно време дејствувал и во странство.
Против него е поднесена кривична пријава за тешка кражба.

Tweet |