речник контакт

Фатен со 2,4 илјади кутии цигари без маркичка, доби условна затворска казна

Скопјанецот Маир Османов ќе мора да и плати и парчина казна од 250 евра

Петар Печков

Скопјанецот Маир Османов (31 год)  доби условна затворска казна, откако беше фатен како превезува  2,4 илјади цигари , кои биле без контролни маркици.  Османов го признал делото, по што во Основен суд Велес беше прогласен за виновен за кривично дело ,,Недозволено пренесување на акцизно добро односно стока или користење на акцизна дозвола или одобрение,,. 

Изречена му е условна казна затвор од  шест месеци, кои ќе се извршат ако во период од две години, не стори ново кривично дело.  Со тоа што во рок од 15 дена од правосилноста, ќе мора да уплати 250 евра парична казна  на сметката на Народна Банка на Македонија. 

Османов бил откриен од полицијата на  29.04.2016 година, како транспортира тутунски добра подлежни на акциза спротивно на одредбите од Законот за акцизи. Во сопствениот автомобил марка Фолксваген  Венто 1,9 иако немал акцизно одобрение транспортирал 2400 кутии цигари без контролни маркици вредни 201.600,00 денари.

Истите биле сместени во багажникот во возилото спакувани во 30 најлонски вреќи, што е констатирано истиот ден околу 20.30 часот при полициска контрола на Автопатот Велес - Гевгелија  во близина кај тунелот кај Демир  Капија. Ова Маир го сторил  како физичко лице со намера да избегне целосно плаќање акцизи во вкупен износ од 81.600,оо денари.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »