речник контакт

Фатени крадци кои ограбувале викендички

Двајца крадци фатени на дело како оперираат во куќа во околината на Велес

Петар Печков

Секторот за внатрешни работи Велес  дo надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против лицето У.У (42) од Велес и према малолетникот Љ.А. (16) од Велес, поради основано сомнение дека истите во периодот од 12.12.2009 година до 01.02.2010 година заедно сториле пет кривични дела Тешка кражба.

Пријавените во наведениот период извршиле тешки кражби во викенд куќи лоцирани на различни места  надвор од градот. Каменот,  Бојаџиина чешма,  Трите дола, Трпезица . Истите со употреба на сила ги провалувале викенд куќите, влегувале внатре и одземале најразлични предмети:нафтена печка, кабли од електрична инсталација, телевизор, бормашина, акумулатор, велосипед, шпорет на дрва и поголема количина отпадни метални предмети, по што истите ги продавале на градскиот пазар како стари работи на непознати граѓани, а парите меѓусебно си ги делеле и трошеле за свои потреби.

Пријавените од страна на полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес затекнати  се непосредно по извршување на тешка кражба во викендица, од каде истите украле шпорет на дрва и околу 200кг отпадно железо. Тие и претходно се пријавувани и казнувани за кривични дела од областа на имотните деликти.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »