Петар Печков
Објавено: четврток, 25 мај 2006
Велешката полиција при рутинска контрола фатила тројца крадци на големо количество шини од железничката пруга Велес-Кочани. Арамиите Н.А. (25), С.П. (23) и М.П.(23) добија кривични пријави за тешки кражби. Тие биле уапсени во понеделникот ноќта околу 23.45 часот. Полицајци вечерта запреле трактор со велешки регистарски таблички и на големо изненадување под ќебињата во приколката виделе скриени шини. Тие биле украдени во истата вечер во близина на железничката станица Лозово, од споредните колосеци на пругата која не се употребува, и од резервните шини. Според првичните процени станува збор за околу еден тон железо, долги повеќе од двесте метри. Крадците планирале да ги продадат како старо железо во откупните центри.
Tweet |